Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина, како дел од кој било мировен договор со Русија, не може едноставно да се повлече од своите територии, нагласувајќи дека ова прашање оди подалеку од законската рамка и директно влијае на животите на луѓето. Тој го кажа ова во интервју со новинарот Брет Бајер за Фокс њуз.
„Не можеме само да се повлечеме, тоа е надвор од нашиот закон. Не можеме само да се повлечеме од нашите територии. Но, не станува збор само за законот. Таму живеат луѓе, 300.000 луѓе… Не можеме да ги изгубиме овие луѓе“, нагласи тој.
