7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Трамп најави изградба на мегабродови. Ќе бидат поголеми и 100 пати помоќни. Промовирана „класата Трамп“

Американскиот претседател Доналд Трамп го објави почетокот на изградбата на нови борбени бродови кои, како што нагласи, ќе бидат најголемите досега. „Очајно ни требаат бродови“, рече тој во воведот и откри: „Чест ми е да објавам дека одобрив план за започнување на изградба на два сосема нови, многу големи - најголемите што некогаш сме ги изградиле - борбени бродови“.

„Имавме големи борбени бродови, овие ќе бидат поголеми. Ќе бидат 100 пати помоќни. Никогаш немало нешто како овие бродови“, истакна американскиот лидер, додавајќи дека планот за изградба на нови бродови започнал за време на неговиот прв претседателски мандат. „Реков: „Зошто да не градиме борбени бродови како порано“. Ова се најдобрите во светот. Тие ќе бидат најбрзи, најголеми и 100 пати помоќни од кој било борбен брод што некогаш е изграден“.

Како што рече Трамп, првично ќе се изградат два, но планот е на крајот да има флота од 20 до 25 бродови. „Овие бродови ќе бидат првите во сосема нова класа борбени бродови што ќе се произведуваат во годините што доаѓаат“.
„Работевме на ова со месеци. Изградбата ќе создаде илјадници работни места“, рече тој, истакнувајќи дека ќе се користи и вештачка интелигенција. Додека Трамп се обраќаше пред медиумите, до него беше илустрација на борбен брод со зборовите „класа Трамп“ и бродот „УСС Дефиант“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести