Две лица од Македонија загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград – Ниш.
Неофицијално, возачот на автомобилот „Сеат“ ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот.
– Како што дознаваме, возачот и сопатникот (маж и жена) кои се државјани на Македонија се починати, а патникот од возилото е примен во болница со тешки повреди, објави Телегтаф.рс.
