2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Калас: Нема да донесеме одлука за финансирањето на Украина со која Белгија не би се чувствувала удобно

ЕУ работи на предлози за решавање на белгиската загриженост за подеднаква распределба на ризикот и товарот од планот за заемот за репарации за Украина и нема да биде донесена никаква одлука со која Белгија не би се чувствувала удобно, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Самитот на ЕУ.

– Многу земји членки рекоа дека согласноста на Белгија е многу важна, па затоа не мислам дека ќе продолжиме без Белгија да се чувствува удобно, рече Калас.

Според неа, во моментов заемот за репарации е најизводливата опција од сите предлози кои се на маса за обезбедување средства за покривање на финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година.

– Треба да работиме на тоа, како што сме пробале и со други работи претходно, рече Калас, оценувајќи дека шансите за постигнување договор за заемот за репарации се 50-50.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести