7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Скопскиот аеродром повторно е отворен

Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска – 20 декември 2025, од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови.

Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден.

-Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. Бидејќи временските услови се менуваат постојано, апелираме до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен, велат од ТАВ Македонија.

Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а персоналот е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести