-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Кос: Продолжувањето на пристапниот процес е единствен начин за обезбедување мир и просперитет на Украина

Добро е што темпото на мировните преговори за Украина се забрза и многу сум среќна што во нив клучна улога игра пристапниот процес, бидејќи секогаш кога станува збор за важни настани во историјата преку пристапувањето кон Унијата можевме да добиеме добар одговор и сигурна сум дека тоа ќе се случи и овој пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос пред почетокот на заседанието на Совет за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

– Гледаме дека членството на Украина во ЕУ е политичко сидро на безбедносните гаранции. Тоа е важно за Украина, а исто така е важно и за Европската Унија. Единствениот начин да обезбедиме мир и просперитет во Украина е да продолжиме со пристапниот процес и токму тоа го правиме во моментов, рече Кос, додавајќи дека Европската комисија минатата недела добила важни насоки од земјите членки за да може да се разгледуваат кластерите 1, 2 и 6 на техничко ниво, а такво нешто очекува и за Молдавија.

Според Кос, преку процесот на пристапување Украина може да стане попросперитетна, постабилна и подемократска, што е важно не само за земјата, туку и за Европската Унија.

Еврокомесарката нагласи дека конфликтот меѓу Русија и Украина не започна со војната во 2022 година, туку кога Киев одлучи да тргне по европскиот пат со склучувањето на Договорот за слободна трговија со ЕУ, па затоа е многу важно што прашањето за членството е дел од мировните преговори на Украина и важно е да се обезбеди никој да не се спротивставува на приемот на земјата во Унијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести