8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Милановиќ: ЕУ ризикува да пропадне како Југославија и СССР поради наметнување едноумие

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изрази надеж дека Европската Унија нема да пропадне поради наметнување на едноумие, како што тоа им се случи на Југославија и Советскиот Сојуз.

Милановиќ е во дводневна посета на Словачка, каде што утре ќе се сретне со словачкиот колега Петер Пелегрини и со премиерот Роберт Фицо.

На состанокот со претставниците на хрватското национално малцинство во хрватската амбасада во Братислава, Милановиќ рече дека Пелегрини и Фицо ги познава долго време, комуницира со нив и дека е нивен истомисленик, „што не значи дека денес во Европа сите мислат исто“.

-Но, постои една тенденција луѓето да се наговараат, а ако не оди убаво, многу брзо се откажуваат од тоа, па потоа се оди на сила за сите да мислат исто, а тој филм веќе го гледавме. Поради тоа пропаднаа Југославија и Советскиот Сојуз. Се надевам дека нема и Европската Унија, рече Милановиќ.

-Не можат сите да се однесуваат на ист начин, а заедничките демократски вредности се прашање на толкување, додаде тој.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести