5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Лош почеток на изборната кампања во Перу. Обид за атентат врз кандидат за претседател

Рафаел Белаунде Љоса, претседателскиот кандидат на Партијата за народна слобода на Перу („Либертад Популар“), преживеа обид за атентат откако беше нападнат со огнено оружје додека се возеше низ округот Серо Азул, јужно од Лима, во вторник наутро, изјави портпарол на неговата партија.

Три куршуми беа испукани во возилото во кое се наоѓаше Белаунде, кои го погодија шофершајбната, како што може да се види на фотографиите објавени на социјалните мрежи.
Полицијата на местото на настанот пронашла неколку чаури, за кои се сомнева дека се од напаѓачите.

Белаунде, кандидат од централно-десничарската партија и еден од 39-те кандидати за претседателските избори закажани за 12 април 2026 година, рече дека нападот ја одразува „сериозната состојба на несигурност“ во која се наоѓа земјата.

„Не смееме да прифатиме да бидеме жртви. Граѓаните мора да се организираат и да се бранат. Не смееме да ја нормализираме оваа ситуација“, рече тој по нападот.

Основачот на „Народна слобода“ и поранешен премиер Педро Катеријано го потврди инцидентот и оцени дека тоа е „лош почеток на кампањата“.
Нападот го осуди и директорот на Националната канцеларија за изборни процеси, Пјеро Корвето, кој ги повика политичките актери да го отфрлат насилството за време на кампањата.

Според изјавите на шефот на Националната полиција, Оскар Арол, во времето на нападот, Белаунде бил во посета на својот имот во покраината Кањете кога мотоцикл застанал до автомобилот, од кој напаѓачите отвориле оган.

Белаунде им потврди на полицајците дека претходно не добил закани.

Полицијата објави дека ја активирала операција со цел да ги уапси сторителите и дека нема повредени во пукањето.

Инцидентот се случил во време кога криминалот, особено активностите на организираните банди и изнудата, е едно од клучните прашања пред изборите, по серијата насилни напади во различни делови од земјата.

Минатиот петок, адвокатот Перси Ипанаке, кој беше кандидат за пратеник на левичарската партија Заедно за Перу (JP), беше убиен во северниот град Пиура, само неколку часа пред внатрепартиските избори што ќе ги дефинираат претставниците на секоја политичка организација.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести