Властите во Калифорнија побараа од јавноста совети и помош за пронаоѓање на лицето одговорно за пукањето во кое загинаа четири лица, меѓу кои три деца, а беа ранети уште 11 на семеен собир во банкет сала во Стоктон во саботата, јавува АП. Портпаролката на шерифската канцеларија на округот Сан Хоакин, Хедер Брент, изјави дека децата убиени во пукањето во саботата биле на возраст од 8, 9 и 14 години, а четвртата жртва била 21-годишник.
Брент рече дека полицијата продолжува да бара можни осомничени, но засега нема апсења. Религиозните водачи во областа Стоктон планираа локално бдение за да им оддадат почит на мртвите и да се помолат за 11-те ранети.
