5.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

„Важно е да дискутираме отворено“ се огласи Зеленски по средбата на украинската делегација на Флорида

„Денес, по завршувањето на работата на тимовите во Соединетите Американски Држави, шефот на украинската делегација Рустем Умеров извести за главните параметри на дијалогот, неговите акценти и некои прелиминарни резултати. Важно е разговорите да имаат конструктивна динамика и сите прашања да бидат отворено дискутирани и со јасен фокус на обезбедување на суверенитетот и националните интереси на Украина. Благодарен сум на Соединетите Американски Држави, на тимот на претседателот Трамп и лично на претседателот за времето што толку интензивно се инвестира во дефинирање на чекорите за завршување на војната. Ќе продолжиме да работиме. Со нетрпение очекувам да добијам целосен извештај од нашиот тим за време на личен состанок.“ напиша Зеленски на својот фејсбук профил доцна синоќа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио по вчерашниот состанок на двете делегации во Флорида изјави дека преговорите биле многу продуктивни и корисни и дека е постигнат огромен напредок. Тој истакна дека тимовите не работат само на услови што ќе ги прекинат борбите меѓу Украина и Русија, туку и на „услови што ќе ја подготват Украина за долгорочен просперитет“. Тој нагласи дека Русија ќе игра централна улога во секој договор за прекин на војната со Украина, оценувајќи ги мировните преговори како деликатни и комплицирани.
„Многу работи се движат и очигледно е вклучена и друга страна која ќе мора да биде дел од равенката“, рече Рубио.

По состанокот, лидерот на украинската делегација и секретар на Советот за безбедност, Рустем Умеров, изјави дека главната цел на преговорите е силна и просперитетна Украина и изрази благодарност до Соединетите Американски Држави за нивната поддршка на Украина.

Во продолжение на преговорите, специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ќе пристигне денес во Москва, каде што се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп, по преговорите меѓу американската и украинската делегација во Флорида, изјави дека постои „голема шанса“ за постигнување договор што би ја прекинал руската војна во Украина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести