6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Пронајдено безживотно тело во водите на Вардар

Попладнево, околу 14:30 часот, во Територијалната противпожарна единица Велес била примена дојава за забележан леш во реката Вардар, во близина на селото Уланци. Пожарникарите веднаш се упатиле кон местото на настанот.

Од ТППЕ Велес информираа дека е интервенирано со едно возило и двајца пожарникари-спасители. Лешот бил извлечен од реката и предаден на надлежните служби.

Јавната обвинителка од ОЈО Велес, Цветанка Богоевска, ја потврди информацијата и соопшти дека се преземени првични истражни мерки. Наложена е обдукција за утврдување на идентитетот и причините за смртта.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести