Полска ги крена своите борбени авиони рано утрово додека Русија започна еден од најжестоките напади врз Киев од почетокот на војната . Најмалку три лица беа убиени , а 27 ранети кога руските сили ја оставија украинската престолнина во темница и без вода по масовните напади со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура и станбените згради.
Русија распореди стратешки бомбардери Ту-95МС , што ги поттикна сојузничките авиони да патролираат во регионите во близина на украинската граница.
– Во врска со нападот од страна на Руската Федерација, која врши напади врз објекти на територијата на Украина, Воздухопловните сили дејствуваат во полскиот воздушен простор – се наведува во соопштението на оперативниот штаб во Варшава.
