Судот во Бангладеш ја осуди поранешната премиерка Шеик Хасина (78) на смртна казна, прогласувајќи ја виновна за издавање наредба за насилно гушење на немирите кои доведоа до нејзин пад летото 2024 година.
Судијата Голам Мортуза Мозумдер сметал дека се присутни сите елементи на злосторство против човештвото и заради тоа може да се изрече само една казна, смртна.
На крајот на судењето, судиите ја прогласиле виновна по неколку тички од обвинението за злосторство против човештвото, вклчувајќи поттикнување и нарачување убиства.
Во земјата која е веќе под интентензивна политичка напнатост и се наоѓа пред парламентарните избори закажани за три месеци, одлуката на судот се очекувала со нетрпение.
Обвинетата Хасина пресудата ја дочека во егзил во Индија и ги отфрла сите наводи.
Минатогодишните антивладини протести после 15 години владеење ја принудија Шеик Хасина да побегне од земјата и резултираа со 1400 смртни случаи, според ОН главно на цивилни лица.
Полицијата во главниот град е ставена во состојба на висока подготвеност и распоредена во голем број околу зградата на судот и на сите клучни локации.
