8.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Дали е можно да ја гледаме Македонија на следниот мундијал. Еве кои 32 од 48 репрезентации досега изборија учество.

Норвешка е последната репрезентација која досега обезбеди учество на мундијалот 2026 година, на кој ќе партиципираат 48 земји. Најголем број на познати учесници од квалификациите до овој момент има од Африка – 9, потоа од Азија – 8, а од Европа се сигурни 5 репрезентации кои ќе им се придружат на домаќините САД, Канада и Мексико.

Засега е познато дека на мундијалот ќе има и три дебитанти: Узбекистан, Јордан и Зеленортски острови.

Кој се досега обезбеди пласман:

Домаќини: САД, Канада и Мексико

Африка: Алжир, Египет, Гана, Брег на слонова коска, Мароко, Сенегал, Јужна Африка, Тунис и Зеленортски острови

Азија: Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореа, Узбекистан

Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Парагвај, Уругвај

Европа: Франција, Англија, Хрватска, Португалија, Норвешка

Океанија: Нов Зеланд

Последниот натпревар Македонија го игра утре на гости во Велс, со почеток во 20.45 часот. Со нерешен резултат, нашата репрезентација ќе избори меч во баражот како второпласирана во групата, а постои теоретска шанса со победа да обезбедиме и директен пласман, но не е реално да се очекува кикс на Белгија против Лихтенштајн на домашен терен.

Конечниот список на учесници ќе се знае во Март кога ќе бидат одиграни бараж натпреварите и ќе се знаат последните учесници од Европа. Ждрепката е закажана за 5 Декември и ќе биде одржана во Вашингтон.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести