1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

САД се подготвуваат за нова војна ?

Ударниот и најмодерен носач на авиони Џералд Форд, придружуван од друга флота, според изјавите на американските официјални лица од вчера е преместена во регионот на Латинска Америка со што драматично се засилува военото присуство и се продлабочува напнатоста со Венецуела. Венецуела од друга страна распоредува опрема, вклучувајќи и децении старо оружје од руско производство и планира да организира герилски отпор во случај на американски воздуѓен или копнен напад.

Американскиот Претседател Доналд Трамп минатиот месец нареди разместување на носачите од класата Форд, додавајќи и осум воени бродови, нуклеарни подморници и авиони F-35 на Карибите. Носачот Форд е ставен во служба 2017 година и претставува најнов и најголем носач на авиони со посада од преку 5000 морнари. Тој може да прими над 75 борбени авиони од типот F-18 Super Hornet и E-2 Hawkeye, а вклучува и софистицирани радари за контрола на воздушниот простор и навигација. Пентагон го потврди пристигнувањето на носачот Џералд Форд откако првин информираше Ројтерс, наведувајќи дека со операцијата се очекува „прекинување на трговијата со наркотици и разбивање на меѓународните криминални организации“.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро повеќе пати изјави дека зголемувањето на американското воено присуство има цел тој да биде срушен од власт. Претходно Вашингтон ја удвои наградата за информации кои би довеле до апсење на Мадуро на 50 милиони долари и го обвини за поврзаност со трговијата со дрога и криминалните кланови. Американската војска досега изведе најмалку 19 напади на сомнителни бродови за превоз на дрога на Карибите при што живото го загубија најмалку 76 луѓе.

 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести