Стрелец
Ноември ќе биде месец на нови деловни задачи за Стрелците кои успешно ќе ги завршат. Ќе бидат сигурни во себе и во своите способности и тоа ќе им донесе унапредување или парична награда. Ноември е совршен за правење нови потези во кариерата или за започнување на ново хоби. И приватниот живот ќе биде интересен. Запознавањето со пријателите и создавањето нови познанства ќе му донесе многу задоволство на Стрелецот.
Риби
Во ноември, Рибите ќе уживаат во својот мал свет што ќе го создадат за себе и за својата сакана. Или ќе помине време со семејството. Ноември ќе биде хармоничен, полн со убави моменти, љубов, а можно е и пократко патување. Кога станува збор за работата, особено успешни ќе бидат оние кои работат во семејни бизниси, а сите ќе имаат поддршка од пријателите и семејството за промени во кариерата.
