1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Возач загина на лице место во гостиварско

На 20.10.2025 во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионален пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот.

-Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Увид на место извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести