1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Лишен од слобода маж од тетовско поради предизвикување пожар

На 20.09.2025 во 16:35 часот, полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада” на стариот пат од с.Чифлик за с.Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој потоа бил изгаснат. Н.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести