4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Мисајловски: Војниците ќе добијат нови униформи, чекор по чекор ќе ја промениме ситуацијата од корен

Со години наназад не се купувала борбена униформа за војниците, не се купувале чизми, се даваа толку многу опрема и пакети за Украина, а не велам дека не требало, но требало тоа да се искомпензира на друг начин како што други земји тоа го направиле, рече министерот за одбрана во вчерашното гостување на ТВ Алфа.

Во овој момент сакам да знаете дека околу 100 милиони денари ќе се распише тендер за нова борбена униформа, за нови чизми, за се она што следи и е потрено согласно правилниците за војниците, зборувам за целосна опрема. Следната година ќе има уште повеќе средства за целосно подобар изглед и за се она што им е потребно на војниците. Паралелно направивме договор за 4.000 комплети за борбена униформа со Турција, склучивме договор за чизми, мораме паралелно да ги правиме за да ги подобруваме условите на војниците, истакна Мисајловски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести