-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Косовскиот Парламент повторно не успеа да избере претседател

Кандидатката за самоопределување Аљбуљена Хаџиу ниту на денешното седмо продолжение на конститутивната седница на косовскиот Парламент не ги доби потребните 61 глас за функцијата претседател на Собранието на Косово.

И денеска, како и минатиот пат, за неа гласаа 57 пратеници, 41 беа против, додека тројца беа воздржани.

Претставниците на поранешната опозиција по седницата изјавија дека нема да гласаат за Хаџија, но дека се подготвени да поддржат друг кандидат од Самоопределување.

Демократскиот сојуз на Косово повтори дека „никогаш нема да гласаат за кандидатот на Самоопределување“ за претседател на Собранието.

Претседавајќи со конститутивната седница, Авни Дехари го најави осмото продолжение за вторник, 29 април.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести