5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Во синоќешните израелски напади во Појасот Газа убиени најмалку 27 Палестинци

Во израелските напади во Појасот Газа во текот на ноќта убиени се најмалку 27 Палестинци, соопштија денеска локалните здравствени служби под контрола на Хамас.

ИДФ не соопшти ништо во врска со нападите.

Израелските власти претходно соопштија дека ИДФ настојува да ги минимизира цивилните жртви, нагласувајќи дека Хамас ги користи цивилите во Газа како жив штит, но палестинските цивили тврдат дека никаде во Газа не е безбедно.

Ал Џезира пренесува дека во Џабалија загинале 10 членови на едно семејство во израелски воздушен напад на станбено подрачје и уште осум членови на друго семејство чија куќа исто така била цел на израелската воена авијација. Во Кан Јунис се извлечени четири тела под урнатините на една бомбардирана куќа, едно девојче и едно бебе подлегнале на повредите од израелска бомба која паднала врз шаторска населба.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести