8.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 20 степени.

УХМР соопшти дека до крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 километри на час). Во овој период локално се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 60 литри на квадратен метар).

И во Скопје до крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

-Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер, прогнозира УХМР.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести