Дали некогаш сте размислувале што може, а што не би требало да правите пред да имате секс. Секако работите наведени во продолжение не се забранети, туку само не се препорачуваат не заради друго, туку сами да не си ја расипете магијата…
Депилација – не се препорачува бидејќи подрачјето околу препоните е изложено на триење и прекумерно потење. На многу жени им е познато дека може да добијат и воспаление на некои делови.
Не јадете премногу – одредени намирници како, на пример, овошјето, житарките и мешункастите плодови може да создадат гасови во текот на сексот. За да ја избегнете оваа непријатна ситуација избегнувајте да јадете некои од овие намирници најмалку 1 до 2 часа пред да имате секс.
Не се воздржувајте да одите во тоалет – мочниот меур е сместен многу блиску до вагината, па поради тоа нема целосно да уживате во сексуалниот чин. Исто така, ако ви се уринира во текот на сексот, односно ако мочниот меур е полн со течност, постои ризик и од уринарна инфекција.
