6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Бела куќа: Илон Маск е советник на Трамп, не го води тимот за ефикасност на владата

Белата куќа соопшти дека милијардерот Илон Маск не го води тимот за ефикасност на владата што прави намалувања во американските федерални агенции, туку е висок советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Разјаснувањето на улогата на Маск може да се покаже како клучно во правната битка околу пристапот на агенцијата до владините податоци, бидејќи администрацијата на Трамп се обидува да отпушти илјадници федерални вработени.

Назначувањето на него како советник, наместо некој задолжен за секојдневните операции во министерството, би можело да и помогне на владата да се избори со тужбата во која се тврди дека Маск има премногу моќ за некој што не бил избран или потврден од американскиот Сенат, јавија американски медиуми.

Соопштенеито од Белата куќа синоќа е во врска со обидите на администрацијата на Трамп да одбие тужба од неколку американски држави, главно наклонети кон демократите, со која се сака да биде блокиран Маск и тимот за владина ефикасност да пристапат до владините податоци и системи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести