3.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет

Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој збор. Да го чуваме, негуваме и гордо пренесуваме на идните генерации, бидејќи секоја изговорена реченица е сведоштво за нашата култура, традиција и непокор. Среќен нека е денот на сите што зборуваат од срце, на јазикот на своите корени!, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

– Денес, на Меѓународниот ден на мајчин јазик, да му оддадеме почит на јазикот што нè обликува, нè учи да сакаме, да се бориме и да мечтаеме. Јазикот е наш долг и наше право – Крсте П. Мисирков, напиша Мицкоски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести