„Секој заеднички миг мора да биде посебен“
Советот дека секој момент со Вашиот партнер мора да биде исполнет со нешто спектакуларно, како вечера со свеќи или викенд-забави – може да создаде непотребен притисок. Иако посебните мигови се навистина важни, секојдневните активности, исто така, имаат своја вредност. Заедничкото чистење на куќата, шетањето со домашно милениче или, просто – разговор може да биде исто толку скапоцено како и луксузните патувања. Заборавете на перфекционизмот и уживајте во едноставните работи што зближуваат.
„Во ред е ако нема секс“
Иако повремените периоди без секс не мора да значат дека има проблеми во бракот, ако недостатокот на интимност трае – тоа може да биде знак за подлабоки несогласувања.
Сексот е важен дел од брачниот живот, оти ги поврзува партнерите на емоционално и физичко ниво. Ако сексуален живот веќе и „не постои“, тоа значи дека мора отворено да разговарате меѓу себе и да ја разјасните причината за проблемот. Игнорирањето на овие проблеми може да доведе само до емоционално оддалечување и дополнителни несогласувања.
„Родителството ќе ги реши сите проблеми“
Ова е еден од најчестите совети коишто паровите ги добиваат кога минуваат низ сериозни турбуленции во односите. Многумина веруваат дека детето како нов член на семејството може да ги подобри односите и да ги реши брачните проблеми. Но, ова е заблуда. Детето може да донесе среќа, но создава и дополнителен стрес и одговорности што може и да ги влошат постојните несогласувања.
Ако не поработите на Вашата врска пред да станете родители, проблемите сè уште ќе постојат, па дури може да се соочите и со нови предизвици. Значи, советот тука гласи: Прво посветете ѝ се на врска и проблемите, па дури потоа остварете проширување на семејството.
Бракот бара континуирана работа на него, и комуникација. Треба да се има на ум дека советите што ги добиваме од другите можеби не се секогаш корисни и може да нѐ одведат во погрешна насока. Најважно е да бидете искрени еден со друг и да работите на врската, наместо да се потпирате на совети што можеби нема да го решат вистинскиот проблем.
