-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Канада најави зголемен граничен надзор со САД откако Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините

Канада објави нови гранични правила за канадско-американската граница кои вклучуваат сеопфатни безбедносни мерки откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 25 отсто царини за сите канадски увозни производи веднаш штом стапи на должност следниот месец, доколку таа земја не се вклучи во запирање на шверцот на мигранти и дрога во САД.

Канадската влада најави дека ќе го зајакне надзорот долж границата со САД, како и заедничките сили на двете земји за борба против меѓународниот организиран криминал, објави Би-Би-Си.

Економистите велат дека зголемувањето на царините за 25 отсто може да и нанесе удар на канадската економија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести