6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Лишени од слобода крадци во Радовиш

На 16.12.2024 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода В.Ј.(29), С.А.(28), С.Р.(32) и Т.М.(24), сите од Радовиш, поради сомнение дека во декември 2024 година извршиле четири кривични дела „тешка кражба“ во продажни објекти, од кои три на подрачје на Радовиш и една на подрачје на Струмица. Лицата биле задржани во полициските станици во Радовиш и Струмица, а врз основа на судски наредби биле извршени претреси во нивните домови, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата. На 16.12.2024 во Полициската станица Радовиш бил повикан и И.М.(27) од Радовиш. Тој и Т.М. во службен разговор ги признале делата. Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести