7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Млад скопјанец паднал од објект во градба, починал во болница

На 12.12.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.О.(23) од Скопје, кој околу 20.20 часот починал.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести