2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Претрес во Велес, пронајдена дрога

На 22.11.2024 во 10.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода З.Ш.(46) и А.Ш.(44), двајцата од Велес. При претрес во домот на А.Ш. во Велес, каде престојувал и З.Ш., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени 17 пакувања со зелена растителна материја, 42 семки и пари. З.Ш. и А.Ш. биле задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело  “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, казниво по чл. 215 од КЗ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести