Во Берово утрово е измерена најниска температура од -6 степени Целзиусови. Следат Прилеп со -4, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Тетово и во Битола, -2 во Велес, -1 Кавадарци, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 0 Претор, Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Виница и 3 степени во Крушево, Крива Паланка и во Охрид.
Времето денеска – утрово студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура ќе достигне од 8 до 16 степени.
