Американскиот претседател во заминување Џо Бајден на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК ) во Лима, предупреди дека претстои на ера на значајни политички промени во светот.
– Доаѓаме до момент на значајни политички промени, рече Бајден за време на состанокот со лидерите на Јапонија и на Јужна Кореја, додавајќи оти, сепак, нивниот трипартитен сојуз е изграден да трае.
На маргините на самитот на АПЕК во Лима, Бајден првпат се сретна јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и со јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, кој ја презеде функцијата во октомври.
Американскиот претседател во заминување ја пофали растечката соработка меѓу САД, Јужна Кореја и Јапонија како одговор на загриженоста за засилените воени врски на Северна Кореја со Русија.
Бајден ја нагласи клучната улога на трилатералната алијанса во спротивставувањето на, како што посочи, „опасната и дестабилизирачка соработка на Северна Кореја и Русија“.
САД, Јапонија и Јужна Кореја во заедничката изјава од Самитот, остро ја осудуваат одлуката на севернокорејските и руските лидери „опасно да ја ескалираат војната во Украина“.
