6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Штетите од поплавите во БиХ проценети на 125 милиони евра

Жителите на подрачјата погодени од поплавите и одроните во Босна и Херцеговина на почетокот на октомври предупредуваат дека би можеле да се соочат со живот на отворено во текот на зимата поради бавната реконструкција на семејните домови и инфраструктурата, каде властите забележаа штети од над 125 милиони евра.

Според извештајот подготвен за Парламентот од кабинетот на претседателот на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ, од поплавите беа погодени вкупно 1.148 домаќинства во Јабланица, Коњиќ, Фојница, Кисељак, Крешево и Дрвар. Штетите на овие и јавни објекти изнесуваат околу 107 милиони евра, додека во сообраќајната инфраструктура штетите се над 18 милиони евра.

Посебен проблем е прекинот на железничкиот сообраќај на подрачјето на Јабланица, поради што трпат пристаништето Плоче и стопанството во БиХ.

Според мештаните, реконструкцијата на домовите се одвива многу бавно.

Тие добиваат помош главно од домашни и меѓународни хуманитарни здруженија кои помагаат и во отстранување на последиците од поплавите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести