16.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Бајден гласаше во Делавер

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска гласаше во американската сојузна држава Делавер за кандидатката на демократите Камала Харис.

Бајден, кој се откажа од изборната трка во јули, им се придружи на голем број Американци кои го искористија своето право да гласаат предвреме, пред 5 ноември, кога ќе се одржат изборите во САД.

Бајден гласаше на локација во Њукасл, Делавер.

Тој оцени дека потегот на американскиот милијардер Илон Маск, сојузникот на Трамп, да им даде на републиканските гласачи награда од милион долари на лотарија е „целосно непримерен“.

Маск рече дека неговиот комитет за политичка акција кој го поддржува Трамп, Америка ПАК, ќе дава по еден милион долари секој ден до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција со која ги повикува републиканците во клучните држави да се регистрираат за гласање.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести