Светскиот ден на прославување на овој симболичен пијалак се слави секоја година на четвртиот петок во месец октомври, што оваа година се паѓа токму денес, 25-ти октомври.
Шампањот е најпознатото пенливо вино во светот. Особеноста е во тоа што за да се нарече „Шампањ“ треба да се произведува специјално во регионот на Шампањ во Франција, а грозјето што се користи за мешавината треба да се одгледува во истиот регион.
Конечно, шампањот треба да се произведува според одреден метод. Ако некоја од овие карактеристики недостасува, тогаш тоа е само пенливо вино, сигурно добро, но само пенливо вино.
Седум видови на грозје се дозволени во производството на шампањ, но во пракса само три типа нагрозје го сочинуваат огромното мнозинство од сите шампањи: Шардоне, Пино Нуар и Пино Мение.
