Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска соопшти дека во Авганистан широко распространета е акутната неисхранетост кај децата и упати апел за повеќе донации со цел да се спасат илјадници животи.
-Степенот на неисхранетост во нашата земја е запрепастувачки. Децата се целосно исцрпени, а некои прерано престанаа да растат. Многу родители им рекоа на хуманитарните работници дека немаат доволно пари да купат храна и дека веќе го продале целиот свој имот, изјави генералниот секретар на авганистанската Црвена полумесечина, Мохамад Наби Бурхан.
