0.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Иранските авиокомпании ги укинуваат летовите до ЕУ

Иранските авиокомпании ги прекинуваат врските со дестинации во Европската унија како одговор на новите санкции против земјата, соопшти денеска Иранската новинска агенција за труд (ИЛНА).

– Ниту еден ирански авион повеќе нема да лета за Европа, по казнените мерки, изјави генералниот секретар на здружението на иранските авиокомпании, Максуд Асади Самани.

ЕУ вчера воведе санкции против Иран чија цел е испораката на балистички ракети и дронови за Русија. Овие казнени мерки се насочени особено кон државната компанија Иран Ер, која повеќе нема да смее да продава билети во Европа.

Иран Ер беше една од ретките авиокомпании со директни врски од Европа до Иран.

Според ИЛНА, новите санкции го спречуваат и полнењето гориво на авионите на Иран Ер. Во извештајот се вели дека неодамна имало голема побарувачка за летови до дестинациите на ЕУ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести