7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Мисајловски на отворањето на регионалниот натпревар на меѓународниот совет за воени спортови

Во организација на Советот на воени спортови под мотото „Пријателство преку спорт“, денеска во Домот на Армијата во Скопје свечено беше отворен „Регионалниот натпревар на Меѓународниот совет за воени спортови – CISM, во маратон и полумаратон, Скопје 2024“.

На денешното свечено отворање присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кои им посакаа успех на натпреварувачи на вооружените сили на Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција, Холандија и на македонската Армија и им порачаа за време на нивниот престој да уживаат во гостопримството на македонскиот народ.

Претседателот на Советот на воени спортови, потполковник Зоран Цветковски на отворањето им посака одлични резултати, нови пријателства и упати честитки до  сите оние кои дадоа поддршка за реализација на активноста и подвлече: „Верувам дека заслужено ќе ги добиеме најбрзите поединци и севкупни победници од вас, армиските припадници“.

Натпреварот во маратон и полумаратон Скопје 2024, ќе се реализира во рамки на утрешниот Виз Ер Скопскиот маратон 2024 согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Сојузот на спортови Скопје и Виз ЕР- скопски маратон и на него ќе учествуваат 53 припадници на странски армии и 27 припадници на македонската Армија.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести