Преку истражување, научниците утврдиле дека крвната група може да влијае на целокупното здравје на една личност.
Според истражувањата, откриено е дека крвната група која доминира кај другите е крвната група О.
Докажано е дека луѓето со крвна група О имаат помал ризик од кардиоваскуларни болести како што се мозочен и срцев удар, дека имаат помалку проблеми со меморијата од другите крвни групи и дека имаат помала веројатност да добијат одредени видови на рак, како на пример рак на панкреасот и рак на желудникот.
Поради тоа што телото е поотпорно на болести, луѓето со крвна група О живеат подолго.
Една од досега откриените причини зошто крвната група О е најздрава е тоа што крвта од оваа група содржи помалку молекули кои можат да предизвикаат згрутчување на крвта, а срцевите и мозочните удари се предизвикани од тромбоиди, пишува Политика.
Дополнително, она што е добро за срцето е добро и за мозокот, така што многу фактори на ризик за кардиоваскуларни болести се исто така фактори на ризик за ментална болест.
