-0.2 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Над 30 цивили се повредени во руски воздушен напад врз станбена зграда во Харков

Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени откако руска наведувана бомба погоди станбена зграда во северозападниот украински град Харков, соопшти локалните власти, пренесува БТА.

– Ударот предизвика пожар во повеќекатната станбена зграда, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Олег Синегубов. Тој додаде дека има поголема штета на цивилната инфраструктура.

Харков е еден од најголемите градови во Украина и клучен индустриски центар лоциран блиску до границата со Русија. Градот постојано е цел на руски напади со гранати, ракети и беспилотни летала.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести