Со почетокот на новата учебна година, вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани денеска посети дел од основните училишта за да им ја честита новата учебна година на учениците, особено на оние кои за првпат седнаа на училишните клупи.
Лимани во оваа прилика истакна дека локалната самоуправа континуирано инвестира во подобрување на условите во училиштата. Исто така, на учениците им беа доделени симболични подароци за почетокот на учебната година, а на 100 ученици кои имаат потешки економски услови ќе им бидат поделени чанти со целиот неопходен училишен прибор.
„Денес дојдовме да им посакаме на учениците добар и успешен почеток. Годинава во Гостивар се запишале околу 570 ученици во прво одделение, а Општина Гостивар ќе подели училишен прибор за 100 ученици со послаб социјален статус“ , изјави Лимани.
Одговорната за образование во општина Гостивар, Аслиан Снопче истакна дека и покрај намалувањето на бројот на ученици, и оваа учебна година во Гостивар нема да има наставници кои ќе бидат отпуштени од работа.
