На територијата на Европската унија во 2023 година се произведени 32,5 милијарди литри пиво, што е намалување за пет отсто во однос на 2022 година, пренесува Еуростат.
Истовремено, производството на пиво со помалку од 0,5 отсто или без алкохол се зголемило за повеќе од тринаесет отсто во споредба со 2022 година.
Германија беше лидер во производството на пиво, која произведе 7,2 милијарди литри пиво во 2023 година, или 22,3 отсто од вкупното производство на ЕУ.
По неа следи Шпанија со производство од четири милијарди литри пиво, што претставува 12,4 отсто од вкупното производство на пиво во ЕУ.
На третото место, Полска произведе 3,5 милијарди литри пиво, додека Холандија и Белгија произведоа околу две милијарди литри.
Холандија е најголем извозник на пиво од ЕУ со 1,8 милијарди литри, а потоа следат Германија и Белгија со извоз од по 1,4 милијарди литри пиво.
Земја од ЕУ која лани увезла најмногу пиво е Франција со 0,9 милијарди литри, а потоа следат Италија и Шпанија со увоз од седумстотини и шест милиони литри.
Најголем увозник од ЕУ, но и најголем извозник на пиво во ЕУ, беше Обединетото Кралство. На Велика Британија отпаѓаат 22,8 отсто од извозот на пиво од ЕУ. Меѓу најголемите увозници на пиво од ЕУ се САД, Русија, Кина и Куба.
Инаку, првиот петок во август се слави како Меѓународен ден на пивото.
