4.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам

Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.

Најголем пад, кога станува збор за бројот на милионери, забележа Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто. САД, без разлика што беа на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак го заземаат првото место во светот со речиси 5,5 милиони милионери.

Виетнам, чија економија е во пораст како во Кина и Индија, со раст од 98 отсто, денес има 19.400 милионери, според Visual Capitalist, кој прецизира дека извештајот следи поединци кои имаат ликвидно инвестициско богатство од еден милион долари или повеќе.

Бројките, додаваат тие, се заокружени до најблиската стотка и ги претставуваат жителите на секоја земја до декември 2023 година.

Индија и Кина добија стотици илјади нови милионери во последните десет години, консолидирајќи ги своите позиции како главни играчи во глобалното богатство.

Кина, каде бројот на милионери порасна за 92 отсто, денес има повеќе од 860.000, а Индија со пораст од 85 отсто има 326.000 милионери. Маурициус, кој е на третото место на листата на земји со најголем раст на бројот на милионери, зад Индија и Виетнам, денес има 5.100, со раст од 87 отсто.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести