11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Модните брендови „Армани“ и „Диор“ се под истрага поради сомневање за експлоатација на работниците

Според регулаторот, модните компании во некои случаи продавале производи од работилници каде работниците биле недоволно платени, со долго работно време и ангажман спротивно на прописите за безбедност.

Вчера била спроведена истрага во деловните простории на тие модни компании во Италија, се вели во соопштението на регулаторот објавено денеска.

„Двете компании можеби објавиле невистинити извештаи за деловната етика и општествената одговорност, особено во однос на работните услови и почитувањето на законот кај нивните добавувачи“, се вели во соопштението.

Истрагата треба да покаже дали компаниите прибегнале кон нелегални работни практики во производството и продажбата на нивната скапа стока, се додава во соопштението.

Условите за работа кај добавувачите со договор се во целосна спротивност со високите стандарди за производство со кои се фалат Армани и Диор во своите реклами. Според регулаторот, таквата практика го прекршува италијанскиот закон за заштита на потрошувачите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести