Доцна синоќа беше потврден пакетот тежок 43 милијарди долари помош за Киев. Земјата добива и околу педесет авиони Ф-16, повеќе системи за протввоздушна одбрана, вклучително и пет од системите „Патриот“. За членство во НАТО, Украина ќе треба да почека согласност од сите лидери и исполнување на сите реформи.
-Додека Украина ја продолжува кон виталните реформи, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме на нејзиниот неповратен пат кон членството во НАТО. Работата што ја правиме заедно сега ќе обезбеди дека кога ќе биде вистинското време, Украина може да се приклучи без одлагање. Не е прашање дали, туку кога. , изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
Во завршната декларација на Самитот се најде и улогата на Кина, која Столтенберг ја посочи дека игра клучна улога во нелегалната војна на Русија против Украина. Кина е означена дека и пружа воено-техничка помош на Москва „како микро-електронски компоненти за двојна намена, што официјален Пекинг категорично го отфрли нарекувајќи го документот полн со лаги, клевети и со менталитет од Студената војна.
-Пораката испратена од НАТО самитот е многу силна и јасна. Ние прецизно ја одредивме одговорноста на Кина во однос на нејзината улога во овозможувањето на руската воена агресија во Украина. , додаде Столтенберг.
