Папата Франциск денеска апелираше да се преземат конкретни нови мерки за ставање крај на војните во Украина и Газа по нападите врз детската болница во Киев и училиште во Појасот Газа Папата ја изрази својата „длабока вознемиреност и болка“ поради растечкото насилство, соопшти прес-службата на Ватикан.
Римокатоличкиот поглавар „се надева и се моли дека може да се утврдат конкретни чекори за да се стави крај на конфликтот“, се вели во соопштението.
