6.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Грдото лице на СДС и ДУИ, Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса

Грдото лице на СДС и ДУИ, Филипче и Фрчкоски, арамии на државната каса. Љубомир Фрчкоски како претставник на Македонија во Њујорк не дал отчет како ги трошел народните пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Венко Филипче како министер за здравство нема тендер кој не проба да го протне со сомнителни ликови од жути@јаху, до провизијата со вакцините во ек на Ковид.

Филипче пред заминување од позиција гласно пропагираше приватизација на јавното здравство.

Филипче јавно тврдеше дека државата не треба да гради болници, туку тоа да го прават фирми, а државата да изнајмува услуги од нив.

Филипче се враќа во политиката од две причини, првата да се обиде да се спаси од одговорност, за кога ќе биде гонет да алудира на политички притисок и втората, со желба некогаш да дојде во позиција да ги реализира своите мрачни идеи за здравството, кои ќе значат крах за пациентите, а добивка за поединци блиски нему, додаваат од партијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести