7.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Трамп: Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен од сите политичари што некогаш живееле

„Зеленски е можеби најголемиот бизнисмен од сите политичари што некогаш живееле. Секогаш кога доаѓа во нашата земја, заминува со 60 милијарди долари. Ми се допаѓа“, изјави поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Според него, „тогаш се враќа во татковината и изјавува дека му требаат уште 60 милијарди долари“. „И така натаму и така натаму. Со ова ќе се занимавам прво и основно кога ќе влезам во Белата куќа како новоизбран претседател“, додаде Трамп.

Инаку, Трамп го критикуваше американскиот пакет помош за Украина од 60 милијарди долари. Тој претходно повторно вети дека ќе стави крај на војната во Украина што е можно поскоро по неговиот реизбор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести