7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор до 12 години

На 17.06.2024 во 13.45 часот на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од с.Арачиново, скопско, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести