-3.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Зголемен бројот џиновски панди во Кина

Бројот на џиновски панди во дивината во Кина се зголемил до 2023 година на речиси 1.900, додека бројот на панди во кафези и во земјата и ширум светот до лани пораснал на 728 единки, објави кинеската Национална управа за шумарство.

Покрај дивата популација, подобрена е и состојбата со генетската разновидност на џиновските панди во кафез. Така, сегашниот број џиновски панди зад решетки може да одржува 90 отсто од генетската разновидност до 200 години. Тоа значи дека тие се здрава, динамична и одржлива група, појасни Управата.

Кина има воспоставено програми за зачувување на џиновските панди со 18 институции од 17 други земји. Инаку, Официјално, вон Кина денес живеат 50 џиновски панди.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести